Парафинот е восочно кристална супстанца која што се добива од дестилатите на дрво, јаглен, петролеум итн. а се користи во изработката на свеќи, гумени компоненти, во фармацевтската индустрија и козметиката. Во течна состојба, парафинот е транспарентен, безбоен и мрсен.

Процедурата за користење на парафинот е така што тој се топи, при што може да се истури во одредени калапи, кои кога производот ќе се олади, ќе се добие конечната форма. Според степенот на обработка и рафинирање, може да се подели во три вида: рафиниран парафински восок, полурафиниран парафински восок и суров парафински восок. Има можност да се додадат бои во стопениот парафин, што резултира со разнобојни нијанси.

Ние нудиме широка палета на парафини со различна цврстина за секоја сезона:

Парафинтемпература (C)
1.50-52
2.52-54
3.54-56
4.60-62

Церозинот е многу сличен на парафинот, тој се добива од сивозелен прав кој се наоѓа на кората од шеќерната трска.

Церозинтемпература (C)
1.78-80

Стеарин или тристеарин е бел прашок без мирис. Се користи за зацврстување при изработката на свеќи и сапуни.

Стеаринтемпература (C)
1.105-107
Слични постови